Македонија следната година на врвот во светот

Bez autora
Oct 14 2013

Македонија е на врвот на Европа според условите за стартување бизнис, но во Централниот регистар, кој е најзаслужен за оваа позиција, очекуваат при наредното рангирање да се најде на врвот на светот. На листата на Меѓународната финансиска корпорација и Светската банка што неодамна ја објави Си-Ен-Ен во делот Гоинг глобал" во конкуренција на 185 земји, нашата е меѓу десетте најдобри, го зазема петтото место во светот, а меѓу таа петорка нема ниту една европска земја. На списокот на најдобрите највисоко котиран е Нов Зеланд, по што следуваат Австралија, Канада, Сингапур и Македонија. Македонските бизнисмени ја потврдуваат оправданоста на ова признание, зашто сега можат да регистрираат фирма за само неколку часа без трошоци, но бараат подеднакви услови и за затворање на компаниите.

Македонија следната година на врвот во светотМакедонија е на врвот на Европа според условите за стартување бизнис, но во Централниот регистар, кој е најзаслужен за оваа позиција, очекуваат при наредното рангирање да се најде на врвот на светот.

На листата на Меѓународната финансиска корпорација и Светската банка што неодамна ја објави Си-Ен-Ен во делот Гоинг глобал" во конкуренција на 185 земји, нашата е меѓу десетте најдобри, го зазема петтото место во светот, а меѓу таа петорка нема ниту една европска земја. На списокот на најдобрите највисоко котиран е Нов Зеланд, по што следуваат Австралија, Канада, Сингапур и Македонија. Македонските бизнисмени ја потврдуваат оправданоста на ова признание, зашто сега можат да регистрираат фирма за само неколку часа без трошоци, но бараат подеднакви услови и за затворање на компаниите.

- Ние сме задоволни што се верификувани напорите што ги направивме со Владата. Ова е големо признание и за Централниот регистар и за Република Македонија, зашто сме на врвот на Европа. При рангирањето земени се предвид и измените на неколку закони со кои од пред неколку месеци е овозможено фирма во Македонија да се регистрира кај сметководители овластени за регистрациони агенти, без никакви трошоци и за неколку часа. Кога ќе се врши рангирањето за 2014-2015 година ќе се верификуваат овие реформи што ги направивме годинава и тогаш очекуваме да се најдеме на врвот на светот, заедно со Нов Зеланд - вели директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски.

Петтото место на ранг-листата на Меѓународната финансиска корпорација и Светската банка е резултат на крајно поедноставените процедури за основање фирма на кои се работело во изминатите пет години, на намалениот услов за минимум потребен капитал при основање фирма, на намалените административни процедури и времето потребно за аплицирање и на воспоставувањето електронски систем за поднесување документи.

Костадиновски вели дека електронското регистрирање преку агенти е со нула трошоци, односно се врши со поедноставени процедури, само со еден чекор без да се плаќа и за регистрацијата и за услугата на овластениот агент. Освен ова, сега ги нема ниту трошоците за правење печат, бидејќи со измените на неколку закони, тој веќе не е потребен. Основачкиот влог, пак, е сведен на 5.000 евра, кои не мораат да се платат веднаш, туку за период од една година.

- Македонија има фантастични услови за отворање нов бизнис. Со електронското регистрирање и влогот од само 5.000 евра ние сме рамо до рамо со најразвиените европски економии. Отворањето бизнис без административни бариери е добро како за домашните, така и за странските инвеститори. Но, такво нешто е потребно и кога се затвораат бизнисите, зашто имаме стечаи кои траат и по 15-16 години - вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Тој додава дека надеж дава најавата на премиерот Никола Груевски, кој при неодамнешното обраќање пред бизнис заедницата рече дека се подготвува нов закон за стечај, со кој најкомпликуваните стечајни постапки ќе се решаваат за најмногу осум, а полесните за еден до два месеца.

- Банкротот не е ништо страшно, но има идеолошки предрасуди и недоразбирања и кај политичката и кај економската елита во нашата земја. Се смета дека стечајот е на штета на доверителите. Но, тоа не е така, зашто ако една фирма е несолвентна, таа прави штета и на банките и на другите фирми со кои соработува, а со стечајот, кој може да се спореди со хируршка интервенција, прекинува можноста за понатамошно правење штети и на други субјекти и се создаваат услови бизнис амбиентот да остане чист - смета Чекреџи, споредувајќи го отворањето и затворањето на фирмите со раѓањето и смртта.

Реформата за која зборува тој допрва ќе ја очекуваме, но новите претприемачи веќе ги чувствуваат благодетите на брзата регистрација, со кои директорот на Централниот регистар очекува од следната година да се најдеме на првото место во светот. Се зголемува бројот на основачи на фирми кои го користат електронското регистрирање за кое е потребно само да се отиде до овластен регистрационен агент, без да се плати ништо. Се уште е во функција и регистрирањето во хартиена форма на шалтерите на Централниот регистар, кое за најголемиот број фирми чини 40 евра и трае подолго. Но се планира од почетокот на наредната година целосно да се премине на електронско регистрирање преку агенти и со тоа Регистарот и Владата ќе се откажат од приход кој годишно изнесува околу 250.000 евра. Од крајот на август до сега, овластувања за регистрациони агенти добиле стотина сметководители, а секојдневно се издаваат и нови, со што наскоро ќе може да се регистрира фирма од секој дел на Македонија каде што има сметководители. За само еден месец е- регистрацијата без трошоци и со еден чекор ја искористиле четириесетина нови бизнисмени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik